Момент (динамометарските) клучевите, како и секој мерен уред, со тек на времето и со интензивна употреба се подложни на отстапување на точноста. Поради тоа е потребно периодично да се изврши специфична проверка на точноста на мерењето кое се нарекува калибрација.
Најпрво проверете дали Вашиот момент клуч е во дијапазонот 20Nm - 1000Nm (дијапазон за кој е акредитирана лабораторијата).
Проверете ја функционалноста и исправноста на уредот.
Уредот (момент клучот) за калибрирање, барањето и уплатницата за административна такса се оставаат на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет - Скопје.
Барањето и придружните документи можат да се достават и по пошта на адреса: Карпош II бб 1000 Скопје
Барањето за калибрација може да се најави на следниот e-mail: callab@mf.edu.mk, или на тел: (02 3099270).
Калибрацијата се завршува во рок од пет работни дена, сметано од наредниот ден од приемот на уредот.
Уредот се враќа по извршената калибрација.
Сертификатот се издава после извршената уплата според издадената фактура.
За извршената услуга се издава фактура.
Цената на извршената услуга е според важечкиот ЦЕНОВНИК.
Целокупната постапка за калибрација се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.
Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет – Скопје, или може да се превземе овде. Анкетниот лист може да се предаде на истиот шалтер, или да се прати на следниот e-mail: callab@mf.edu.mk
Странката може да поднесе жалба во врска со работата на лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила. Жалбата може да се поднесе на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет – Скопје, или да се испрати на e-mail: callab@mf.edu.mk