MK | EN
UKIM Logo
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје | Машински Факултет Скопје
MFS Logo
Лабораторија за калибрација
на сила и момент на сила

Машинскиот факултет во Скопје постои како дел од електромашинскиот отсек при Техничкиот факултет од 1.10.1959 год, потоа како дел од самостојниот Електромашински факултет од 1.10.1965 година и конечно како самостоен факултет од 1.07.1977 година. Факултетот е јавна установа, највисока образовна институција во областа на машинските науки, во која се едуцираат кадри, се реализираат научни истражувања и се аплицираат научните и стручни сознанија. Факултетот е организиран во 6 институти и 1 оддел. Во секој од нив освен теориски, се водат и експериментални активности во специјализираните лаборатории. Лабораториите се организациони единици во рамките на институтите со соодветен кадар, работен простор и опрема, каде се врши тестирање/калибрација според единствени организациони правила, процедури и методи, а во согласност со важечката законска и подзаконската регулатива, домашните и меѓународни стандарди, барањата на ISO/IEC 17025 и потребите на корисниците. Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила е прва акредитирана лабораторија во Р. Македонија со сертификат за акредитација бр. 001. Таа е дел од меѓународна мрежа на лаборатории за калибрација во Европа и во светот. Просториите на лабораторијата се сместени во анексот на Машинскиот факултет и во зградата на Институтот за МКММВ.

About Us Image