Во средината на 2013 година Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила значително го зголеми капацитетот, односно опсегот на сили за кои врши калибрација. Имено, набавени се два нови давачи, еден од 1MN и еден од 5MN. Со тоа сега опсегот на сили за кои Лабораторијата може да врши калибрација е од 20N до 5000000N (5MN).
Двата давачи се од тензометарски тип и производ на реномираната компанија HBM од Германија. Калибрацијата и следливоста, како и за целата останата опрема е обезбедена во синџирот DKD – PTB – Германија.
Главна област на користење на новите давачи е калибрација на големи преси и киналки за испитување на карактеристиките на металните, бетонските и другите материјали и готови производи. Со ова Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила им овозможува на испитните лаборатории од областа на машинството, металургијата и градежништвото да извршат калибрација на своие уреди брзо, квалитетно, со одличен систем на следливост и со значително смалени трошоци.