Во својата работа лабораторијата за калибрацијана сила и момент на сила при Машинскиот факултет во Скопје самостојно, компетентно, независно и непристрасно ги реализира мерењата и калибрациите.
Калибрацијата се врши во согласнот со современите достигнувања во методите и опремата за калибрација, стандардот за лаборатории ISO 17025 и начелата на добрата лабораториска пракса, според валидирани методи, домашни и меѓународни стандарди и важечката законска регулатива.
Машинскиот факултет - Скопје, за вршење на својата лабораториска дејност ја акредитира според стандардот ISO 17025 Лабораторијата за сила и момент на сила.
Калибрацијата се врши според домашни и меѓународни стандарди и валидирани методи кои ги задоволуваат потребите на корисниците. Процената и прикажувањето на мерната неодреденост се врши според соодветните методи и работни упатства.