Современи, меѓународно распознатливи лаборатории за тестирање и калибрација.
Тестирање и калибрација:
Да се исполнат во целост барањата на корисниците на услугите со почитување на законската регулатива, стандардите и добрата лабораториска практика.
Тестирањето и калибрацијата да се извршат со највисок можен квалитет, за секој корисник.
Да се применува, одржува и подобрува системот за управување согласно со ISO/IEC 17025.
Односот со корисниците на услугите и Институтот за акредитација на Република Македонија да се одржува со почитување и взаемна доверба.
Да се осигури доверливост на информациите добиени од корисниците и заштита на нивните сопственички права.
Нивото на квалитет во тестирањето и калибрацијата и задоволувањето на потребите на корисниците постојано да се подобрува со развој и имлементација на нови методи и технологии , како и со постојана грижа за зголемување на нивото на доверливост на резултатите.