MK | EN
UKIM Logo
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје | Машински Факултет Скопје
MFS Logo
Лабораторија за калибрација
на сила и момент на сила
Calibration of presses and material testing machines


КАЛИБРАЦИЈА НА ПРЕСИ И КИНАЛКИ


Зошто калибрација?

Пресите, како и секој мерен уред, со тек на времето и со интензивна употреба се подложни на отстапување на точноста. Поради тоа е потребно периодично да се изврши специфична проверка на точноста на мерењето кое се нарекува калибрација.


Претходни проверки

Најпрво проверете дали Вашата преса е во дијапазонот 200N – 5МN (дијапазон за кој е акредитирана лабораторијата).
Проверете ја функционалноста и исправноста на истата.


Потребна документација за отворање постапка за калибрација

  1. Барање за секој уред поединечно, заверено со потпис и печат (за физички лица само потпис).
    Барањето се добива во калибрационата лабораторија, или можете да го преземете овде
  2. Уплатница за административна такса во висина од 50 ден.
  3. Сертификати од претходни калибрации (доколку има)
  4. Упатства од производителот на пресата (доколку има)

Каде да ги доставите уредот и документите

Уредот (момент клучот) за калибрирање, барањето и уплатницата за административна такса се оставаат на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет - Скопје.
Во барањето се наведува точната локација каде се наоѓа пресата.
Барањето и придружните документи можат да се достават и по пошта на адреса: Карпош II бб 1000 Скопје
Барањето за калибрација може да се најави на следниот e-mail: callab@mf.edu.mk, или на тел: (02 3099270).


РОК ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЛИБРАЦИЈАТА

Калибрацијата, по правило, се завршува во рок од пет работни дена од моментот кога ќе бидат создадени сите услови (изработени помагала и слично).
Сертификатот се издава после извршената уплата според издадената фактура.


ЦЕНА:

За извршената услуга се издава фактура.
Цената на извршената услуга е според важечкиот ЦЕНОВНИК.


ЗАБЕЛЕШКИ:

Целокупната постапка за калибрација се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.

Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет – Скопје, или може да се превземе овде. Анкетниот лист може да се предаде на истиот шалтер, или да се прати на следниот e-mail: callab@mf.edu.mk

Странката може да поднесе жалба во врска со работата на лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила. Жалбата може да се поднесе на шалтерот на Лабораторијата за калибрација на сила и момент на сила на Машинскиот факултет – Скопје, или да се испрати на e-mail: callab@mf.edu.mk


Назад